ВМРО ДПМНЕ: СДСМ покажуваат дека се незаинтересирани и неспособни да го намалат загадувањето. Играта на мобилен за Шилегов се покажа дека е поважна од здравјето и животите на граѓаните


ВМРО ДПМНЕ во соопштени до јавноста остро ја критикуваше политиката на Владата на СДСМ и на градоначалникот на Скопје од редовите на СДСМ Петре Шилегов во врска со справувањето со проблемот на загадувањето на воздухот.

Според ВМРО ДПМНЕ „Градоначалникот на Град Скопје и заменик министерот за животна средина уште еднаш пред целата јавност ја покажаа незаинтересираноста за решавање на проблемот со загадувањето. Заев, Шилегов и Макрадули пред изборите ветуваа итни краткорочни, но и долгорочни мерки со кои ќе се намали загадувањето. Сега откако ја презедоа и централната и локалната власт не спроведоа ниту една мерка за справување со загаденоста, а ги игнорираат и последиците од загадувањето. Додека Шилегов си игра игрички на мобилен телефон за време на собраниска комисија, граѓаните се гушат во загадениот воздух. Играта на мобилен за Шилегов се покажа дека е поважна од здравјето и животите на граѓаните.
Заев, Шилегов и Макрадули ги излажаа граѓаните. Скоро две години ништо не презедоа за подобрување на квалитетот на воздухот, нешто што толку помпезно го ветуваа претходно. Република Македонија и граѓаните станаа жртви на манипулациите на  измамничката и криминална власт на СДСМ.“

Comments