„Груевизмот“ е соборен, но „Груевизмот“ ќе биде репер преку кој ќе се мери успехот на секоја идна власт во Република Македонија

„Слобода за Македонија“, „Конечно дојде животот во Македонија“, „Режимот е целосно соборен“, „Груевски е конечно поразен“-ова се извиците на радост на владеачката партија после соопшувањето на резултатите од локалните избори минатата недела. Изненадувачкиот успех на СДСМ дополнително им ја подигна еуфоријата, па при славењето мораше да се употреби и огнено оружје (се разбира, не кон „живи“ мети), но и малку лични осветнички напади (пример кон Стевчо Јакимоски или во Свети Николе и Шуто Оризари). Се разбира, СДСМ не им даде некое големо значење на овие инциденти, Сепак, после речиси 10-годишен „пост“ конечно се победници. Во ВМРО ДПМНЕ, нормално шокираност од резултатите-Груевски обвини за нерегуларности.


И така и оваа фаза од т.н.„Шарена револуција“ е успешно завршена. Со особен успех. Но, очигледно за „Шарените“ работата не е целосно завршена. За нив суштината на револуцијата не е само да се развласти Груевски, туку и да се демонтира „Груевизмот“. Само така државата ќе биде слободна и ќе има живот во Македонија, за сите. Шарените револуционери веќе се концентрираат на наредната битка-битката против Груевизмот. Ако се добие и оваа битка, тогаш победата ќе биде комплетна, целосна.

Но, што всушност е „Груевизмот“, се разбира според дефиницијата на „Шарените“? Тоа е систем во кој царува корупцијата, криминалот, непотизмот, клиентелизмот, национализмот, контрола на судството, обвинителството, медиумите, бизнисот, во кој нема слобода на говорот-практично диктатура, заробена држава од страна на една партија, или поточно од страна на мала група луѓе што ја користат власта за нивни лични цели. „Шутка не ти бега Никола!“-ова е најновата мобилизирачка парола на „Шарените“.

Но, да ги оставиме овие дневно-политички настани и да се концентрираме на суштината, со факти. Целта на т.н. „Шарена револуција“ беше да се собори ВМРО ДПМНЕ од власт и да се инсталира т.н.„пријателски настроена“ власт во Република Македонија. Се работеше по добро разработено сценарио, во повеќе фази, при што со секоја фаза требаше да постепено да се развластува ВМРО ДПМНЕ. Причините се геополитички и геостратешки, а не дневно политички. СДСМ со нејзиното раководство се само непосредни извршители на оваа операција во Република Македонија. Почнувајќи од малите демонстрации поради тековни теми (како екстерното оценување), па преку активирање на т.н. „бомби“ (прислушкиваните разговори), формирањето на специјалното јавно обвинителство и владата на широката коалиција, ВМРО ДПМНЕ постепено се развластуваше, на сметка на инсталирањето на СДСМ. Поразот на парламентарните избори во декември 2016 година на СДСМ беше привремено надминат преку т.н. политички инжинеринг и беше формирана влада од стана на партии кои ја немаат поддршката на мнозинството од гласачите. Последните локални избори го зададоа последниот удар врз ВМРО ДПМНЕ и оваа партија е сега речиси целозно развластена. СДСМ, од друга страна ја превзеде целата власт во свои раце, на централно и на локално ниво-доби апсолутна власт.

Наредната фаза е битката против т.н. „Груевизам“, кој според „Шарените“ е инсталиран во сите делови на македонското општество. Главен играч во оваа фаза ќе биде СЈО, но и редовното обвинителство и се разбира судството, нормално претходно ослободено од неподобните. Ќе следат забрзани процесуирања на постоечките обвиненија, но и покренување на нови. Сето ова ќе оди низ судските лавиринти и нормално ќе треба да се докажува со докази, факти, сведоци, вештачења...Но, ќе треба да се докажува.

Ако со терминот „Груевизам“ го означиме сето она што го направил Никола Груевски, додека беше премиер на Република Македонија (а тоа не е баш краток период, само 10 години), тогаш дефиницијата на „Шарените“ не е целосна. Таа е еднострана, се потенцираат само аспектите што нив им одговараат. „Груевизмот“, како стил на управување со Република Македонија има и други резултати. Е тоа е она што „Шарените“ не сакаат да го спомнат. Тоа се факти што тие сакаат да ги игнорираат.

Еве, на пример да ја земиме стапката на невработеност. Таа од 37,3% колку што била во 2005 година е намалена на 24% во 2016 година (кога Никола Груевски отстапи од  премиерската функција). Или од 545.253 лица колку што биле вработени во 2005 година, во 2016 година таа бројка се искачила на 720.674 лица. Тоа се 175.421 новоотворено работно место. Ова се факти цитирани од билтените што ги издава Министерството за финансии.


Можеме да го разгледуваме било кој економски показател. Растот на БДП, растот на извозот, странските директни инвестиции, или да ги земиме исплатените субвенции кон земјоделците, инвестициите во патната инфраструктура и во други капитални проекти. Еве да ги разгледаме резултатите на „Груевизмот“ во социјалната сфера-порастот на пензиите, порастот на платите, порастот и воведувањето на нови социјални бенефиции за лицата во ризик. Сето ова се факти кои се докажани од страна на стручни органи и лесно можат да се проверат на веб сајтовите на Министерството за финансии, Државниот завод за статистика или Народната банка.

Ако сакаме да сме објективни, тогаш при дефинирањето на „Груевизмот“ како систем на владеење треба да се земат предвид и горенаведените резултати. Па тие се директна последица на мерките и активностите што Владата на чело со Никола Груевски ги превземаше во претходниот период, а тоа би се рекло директна последица на „Груевизмот“.

За „Груевизмот“ има многу да се пишува. Впрочем, тој во иднина ќе биди проучуван од страна на голем број лица-историчари, економисти, правници, секој од свој аспект. Сепак периодот на владеење на Никола Груевски и не е така мал. Тој е инаку премиер со најдолг стаж како премиер во независна Македонија. Никола Груевски несомнено остави длабоки траги во Република Македонија.

И на крај, да се вратам на дефиницијата на „Груевизмот“ од страна на „Шарените“. Тие несомнено се обидуваат тоа да го престават во најцрно можно светло, нешто што Република Македонија не би требало во иднина да си го дозволи. Ваквите обвинувања „Шарените“, согласно праксите во најразвиените земји со демократски традиции, ќе треба да ги докажат, нормално преку соодветни судски постапки, а не преку јавни линчувања. Повторувам: ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОКАЖАТ.

Од друга страна, показателите, кои се факти оверени и заверени од страна на стручни органи и лица-МФ, ДЗС или НБРМ (што би се рекло неоспорливи) во сферата на реалната економија, социјалната сфера, образованието ќе бидат репер или основа преку кои ќе се мери успешноста на секоја идна власт. Не мора сите показатели-доволно е наредните влади да се оценуваат дали ја намалиле невработеноста, односно ја зголемиле вработеноста со исто темпо и динамика како што тоа го направи „Груевизмот“.   


П.С. Резултатите од последниве локални избори, ако добро се анализираат, доведуваат до несомнен заклучок дека граѓаните не се баш импресионирани од визијата за „нов живот“ на СДСМ. Факт е дека на ВМРО ДПМНЕ околу 120.000 гласачи му ја ускратиле поддршката, но тие истовремено не му ги дале гласовите ниту на СДСМ. Едноставно не гласале за никого. Исто така и СДСМ бележи мало намалување на гласовите за околу 20.000 гласа, но сепак имаат повеќе гласови во однос на ВМРО ДПМНЕ што ги прави победници. Овој момент ВМРО ДПМНЕ треба сериозно да го анализира и да превземи соодветни чекори со цел брза консолидација на сопствените редови и повторно освојување на довербата на граѓаните. За тоа ќе има еден релативно подолг период од околу една година-до претседателските избори во 2019 година. 

Comments

  1. Se derat na cel glas, navodno pobedie manipulanti, kriminalci,kradachi na chelo so Crpko od niva crpnatiot. Pobedile, so poklon pobeda od Bejli okupatorot. Stram e da se raduvash na vakva pobeda.

    ReplyDelete

Post a Comment