Европската
агенција за животна средина (ЕЕА) неодамна официјално потврди дека Македонија е
најзагадена земја во Европа. Но, не беше воопшто потребно некој од страна да ни
го каже тоа со кое се соочуваат граѓаните секој ден. Високото ниво на ПМ10
честици веќе ги наполни болниците со пациенти кои имаат проблеми со
кардиоваскуларните и респираторните органи.
Ситуацијата
е крајно сериозна и бара превземање на итни, неодложни и сериозни мерки, а не
некакви привремени решенија што нема да го решат проблемот.
Но, што
прави власта за решавање на проблемот на граѓаните?
Прво, се
планира да се забрани употреба на возила кои не ги исполнуваат основните
еколошки стандарди, односно старите моторни возила ќе бидат исклучени од
сообраќај во одредени денови.
Второ, се
заговара и превземање на мерки за регулирање на употребата на цврстите
енергенси, односно дрвата за загревање на домовите на граѓаните.
Но, напорот
на Владата на РМ, но и на градоначалникот на Скопје за решавање на овој проблем
на граѓаните, најексплицитно е прикажан на последната седница на комисијата за животна
средина.
Едниот задрема, а другиот реши да се релаксира со игра на мобилниот телефон.
Нема што,
битката е тешка, па малку одмор и релаксација е неопходен.



Comments
Post a Comment