Тензиите во Азовско Море не престануваат: Русија ја зајакнува одбраната на Крим со уште еден противавионски ракетен систем С-400
Според
информациите од руското министерство за одбрана, Русија ќе изврши дополнително
распоредување на уште еден противавионски ракетен систем С-400, со што бројот
на вакви системи се зголемува на 4. Ова претставува дополнително кревање на
тензиите во реонот на Азовското Море, после инцидентот помеѓу руските и
украинските бродови.
Во меѓувреме и парламентот на Украина прогласи воена
состојба во 10 области во Украина кои претставуваат евентуална цел на руска
агресија. Украинскиот претседател Петро Порошенко, по тој повод изјави дека
Украина е под закана на општа војна со Русија.
Хронологија
на инцидентот:
На
25.11.2018. година во 07.10 часот од правец на Црното море пристигнала
група од 3 бродови од составот на украинската воена морнарица. Оваа група
бродови ја повредила државната граница на Руската Федерација со тоа што наместо
низ назначените патишта за пловидба,
влегла во подрачјето на Азовското Море кое е привремено затворено за
пловидба, со што се прекршени Конвенцијата на ОН од 1982 година и законите на
Руската Федерација.
По
нарушувањето на државната граница на Руската Федерација, бродовите на украинската
воена морнарица продолжиле со своето движење низ Керченскиот канал.
При тоа од
страна на Руската морнарица, повеќе пати преку радио-комуникација им било
пренесено дека со своето движење грубо ја прекршиле Конвенцијата на ОН за
поморско право од 1982 година и дека согласно тоа веднаш да ги напуштат
територијалните води на Руската Федерација.
На овие
предупредувачки пораки, бродовите на украинската воена морнарица реагирале така
што со своите екипажи преминаа во состојба на борбена готовност, односно ги
симнале цирадите од своите топови, ги поставиле нивните цевки под агол од 45
степени и ги насочиле кон бродовите и чамците на Руската Федерација кои ги
придружувале. И покрај тоа, украинските бродови уште еднаш уредно биле известени
преку радиоврска, по што согласно нормите на меѓународното поморско право и
законите на Руската Федерација е изведена акција која ги неутрализираше 3-те
украински воени бродови.


Comments
Post a Comment