Каталонскиот
водач Карлес Пуџдемон изјави дека Каталонија изгласа право на државност по спроведениот
референдум кој беше нарушен со насилство.
„Со
овој ден на надеж и страдање, граѓаните на Каталонија го добија правото на
независна држава во форма на република", изјави Пуџдемон на телевизиско
обраќање.
"Мојата
влада во следните неколку дена ќе ги испрати резултатите од денешното гласање
до парламентот во Каталонија, каде што лежи суверенитетот на нашиот народ, за
да може да дејствува во согласност со законот на референдумот".
Тој
рече дека вратата била отворена за еднострано прогласување независност.
Каталонските
власти соопштија дека од 5,3 милиони регистрирани гласачи, гласале повеќе од
2,2 милиони лица, 319 од околу 2.300 избирачки места низ регионот биле
затворени од страна на полицијата, со што на повеќе од 750.000 гласачи не им
било овозможено да гласаат. Од оние што гласаа, 90 отсто гласаа за независност.
Одѕивот изнесуваше 42,3%.
Гласањето
помина со огромно насилство. Спорд Каталонски медицински лица 844 лица биле
повредени во судирите, меѓу кои и 33 полицајци.
Националната
полиција и Гвардија Цивил - воена сила задолжена за полициските должности - беа
испратени во Каталонија во голем број за да го спречат гласањето. Каталонската
полиција - беше ставена под контрола на Мадрид, но според сведоштвата, таа
покажала мала склоност да употребува сила врз демонстрантите. Исто така и
Каталонските пожарникари се ставија во заштита на народот, правејќи кордон меѓу
гласачите и националната полиција на некои места.
ТВ-снимките
што го обиколија светот покажаа дека шпанската полиција примени огромно
насилство удирајќи ги гласачите, при тоа не бирајќи дали станува збор за млади
или стари лица, мажи или жени. Полицијата се обидуваше да ги отстрани гласачите
од гласачките места со секакви насилни мерки, како употреба на палки, гумени
куршуми, но и влечење на жените за нивната коса.
Претходно
Уставниот суд на Шпанија го забрани гласањето, а полицијата запленуваше гласачки
ливчиња и кутии на избирачките места.
Шпанскиот
премиер Маријано Рахој изјави дека Каталонците биле измамени за учество во
незаконско гласање.
"Во
овој час можам да ви го кажам она што сите го знаете и она што го видовме во
текот на овој ден. Нема референдум за самоопределување во Каталонија",
рече Рахој.
Каталонија
е богат регион од 7,5 милиони луѓе во североисточна Шпанија, има свој јазик и
култура.
Исто
така, Каталонија има висок степен на автономија, но не е призната како посебна
нација според шпанскиот устав.
Што ќе се случува
следно?
По
насилството од шпанската полиција, декларацијата за независност од страна на
регионалната влада на Каталонија се чини поверојатна од кога и да било досега.
Иако,
со оглед на хаотичноста на гласањето, бројките за одѕивот и резултатите од гласањето
треба да се земат со резерва, сепак погрешните насилни мерки на владата на
Рахој ја туркаат Каталонија кон независност. Се чини дека Рахој не извлече
поука од искуството на владата на Дејвид Камерун со референдумот за независност
на Шкотланѓаните. За разлика од Шпанија, Велика Британија го овозможи
референдумот на Шкотска, но истовремено силно лобираше Шкотска да остане дел од
Обединетото Кралство. Резултатите беа поволни за Велика Британија. Тоа во
Шпанија не се случи. Наместо разговори, владата во Мадрид понуди насилство.
Резултатот на тоа е независност на Каталонија.
Истовремено
Рахој е на пат да го поттикне т.н. домино ефект во Европа. Успехот на
Каталонија покажува дека и развиените западноевропски земји не се имуни на
сепаратистички тенденции на нивни полуавтономни или автономни региони. Иако
засега таквите тенденции се искажуваат во форма на декларации и јавни политики
на политичките носители, насилните активности не се манифестираат.Сепак тие не
можат да се исклучат и зависат од реакциите на централните власти-дали тие ќе
им овозможат на нивните региони мирно изјаснување и раздружување (како што беше
случајот со Чехословачка) или ќе применат насилство. Високиот економски развој
на поедини региони не ги исклучи нивните сепаратистички тенденции. Можеби
делумно и ги намали, но тие на даден сигнал се јавуваат. Каталонија засилено
побара независност после економската криза која силно ја погоди Шпанија.
Најбогатиот регион на Шпанија пресмета дека многу повеќе придонесува во
„заедничката“ држава отколку што добива, и сега сака она што го дава да остане
замо за нејзе. Дали после раздружувањето Каталонија и понатамо ќе остане функционална
држава со висок економски раст ќе каже иднината. Но, искуствата од минатото ни
покажуваат дека тоа може и да не се случи.
Кој е на ред?
Сега
топката е во дворот на ЕУ. Има два одговори: да ја прифати независноста на
Каталонија или да ја отфрли.
Ако
ја отфрли декларираната независност на Каталонија, ЕУ ќе го наруши
принципот воспоставен со признавањето на Косово за независна држава. (Впрочем,
косовската независност е предвесник и иницијална каписла за ваквите тенденции на стариот континент).
Во тој случај противниците на косовската независност ќе добијат дополнителен
аргумент, а Србија ќе добие поттик да не се откаже од Косово, што пак ќе ги
зголеми тензиите на Балканот.
Ако
ја прифати независноста на Каталонија, ЕУ ќе им даде сигнал на сите останати
региони кои покажуваат сепаратистички тенденции. Оттука, за брзо време може да
се случи Европа да добие нови држави, односно да исчезнат старите држави. Дали
прва ќе биде Шкотска, или Северна Ирска, или Велс, а можеби Баскија, Валонија,
Фландрија, Северна Италија, Јужен Тирол, Корзика, а можеби и Баварија, не се знае, но и не е битно. Голема е
веројатноста тоа и да биде.
Последиците
од оваа одлука на ЕУ несомнено ќе бидат големи за Балканот. Во ситуација на
нерешен статус на Косово (ситуација на полудржава-не е призната од сите земји
во светот и не е член на ОН) или нефункционалноста на БИХ (со силни
сепаратистички тенденции на Република Српска), последиците во овој хронично
кризен регион ќе бидат непредвидливи.
Како
и да е, пандорината кутија во Европа повторно се отвора.







Comments
Post a Comment