Се зголемуваат тензиите во Каталонија. Илјадници демонстранти се на улиците на Барселона. Претходно шпанската полиција изврши рација во канцелариите на каталонските власти, и уапси високи функционери

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Барселона во знак на протест поради на апсењата на високи финкционери на каталонската Влада, извикувајќи "Независност" и "Ние ќе гласаме".


Националното собрание на Каталонија (АНК), исто така, ги повика Каталонците да протестираат на улиците. "Да излеземе да ги браниме нашите институции на ненасилен начин. Тие направија голема грешка, сакавме да гласаме и тие објавија војна", рече претседателот Жорди Санчез, во изјавата.


Претходно, шпанската полиција изврши упад во каталонските регионални владини канцеларии и уапси најмалку 12 лица од регионалната влада во Барселона, вклучувајќи го и Јозеп Марија Џове, генерален секретар за економски прашања, и помошник на потпретседателот на Каталонија, Ориол Џункерас. Исто така, полицијата го конфискувала материјалот за планираниот референдум од 1-ви октомври, односно запленила речиси 10 милиони гласачки ливчиња.


Овие активности на Владата во Мадрид се со цел спречување на намерата на регионалната каталонска Влада за одржување референдум за независност на 1-ви октомври.

Централната влада и Врховниот суд го нарекоа референдумот за независност неуставен и нелегален.

Премиерот Маријано Рахој ги оправда рациите на парламентарната седница во средата, велејќи дека полициската акција е заснована на одлуката на судија. Секоја демократија има "обврска" да се придржува кон владеењето на правото, рече тој.
"Мислам дека постапуваме со разум, умереност и пропорционалност", изјави Рахој пред пратениците во Мадрид. "Шпанскиот закон мора да се почитува", рече премиерот. "Најдобар курс на дејствување е да се смени оваа бесмислица која не води никаде".


Подоцна во средата, Рахој ги повика регионалните водачи во Каталонија да го откажат референдумот.
"Не одете напред. Вратете се назад во законот и демократијата", рече во телевизискиот говор. "Овој референдум е невозможен".

Во поддршка на референдумот се јави и Фудбалскиот клуб на ФК Барселона. Во нивната изјава е наведено: "ФК Барселона, останувајќи верна на својата историска посветеност на одбраната на нацијата, демократијата, слободата на говорот и самоопределувањето, го осудува секој чин што може да го попречи слободното остварување на овие права. "

Дали се најавуваат повеќе апсења?

Тензиите меѓу централната власт и Каталонија се загреваат, бидејќи регионалните власти ветија дека ќе продолжат со гласањето.

Повеќе од две третини од градоначалниците на автономниот регион соопштија дека ќе го овозможат гласањето и ќе дозволат користење на општинските згради, спротивно на наредбите на Мадрид.

Поради тоа, во вторникот, неколку каталонски градоначалници беа принудени да се појават пред обвинителите. Градоначалниците и другите регионални претставници се соочуваат со можно апсење ако продолжат да даваат поддршка за и помош за изведување на референдумот.

Шпанскиот државен обвинител нареди кривична истрага на 712 каталонски градоначалници за соработка со овој процес.

Каталонија претходно одржа референдум за независност во 2014 година, во кој 80 отсто од гласачите се изјаснија за независност. Сепак, Мадрид го прогласи референдумот за неуставен.



Comments