Државен инспекторат за локална самоуправа: Се запираат решенијата за распишување на референдуми за мигрантите
Државниот
инспекторат за локална самоуправа на прес конференција денеска објави дека ги
замрзнува решенијата за распишување на референдум за населување на мигранти
донесени од страна на 12 општини.
Според
Рахим Муслиу, државен инспектор за локална самоуправа: „На 20 септември
Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а
на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес. Уште шест општини
донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за
објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се
очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров“. Исто
така додаде: „Инспекторот одлучи донесените одлуки за распишување референдум на
локално ниво да ги запре со решение и воедно да поведува постапка пред Уставен
суд за оценување на уставноста и законитоста на донесените одлуки. Според член
22 Закон за локална никаде не се споменува дека тие активности се во надлежност
на општината, односно мигрантите и населување на мигрантите во територијата на
општината“.
На
оваа одлука на државниот инспекторат за локална самоуправа реагираше Светскиот
Македонски Конгрес. Во нивната реакција, објавена на социјалните медиуми се
вели:
„Светскиот
Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува решенијата на државниот инспектор
за локална самоуправа Рахим Муслиу за запирање на примената на одлуките за
одржување на локални референдуми за населување и интеграција на мигранти на
територија на општините на денот на локалните избори, 15 октомври, како и за
поднесувањето на иницијатива за оценување на нивната уставност и законитост до
Уставниот суд на Република Македонија“.
СМК
упатува демарш и најостра критика до Владата на Република Македонија заради
суспензија на неопределено време на правото на референдум на граѓаните во
општините, затоа што државниот инспектор за локална самоуправа сметал дека
општините според членот 22 од Законот за локалнасамоуправа немаат надлежност за
мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа.
Според
СМК, оваа одлука е потврда дека Владата подготвува населување и интеграција на
мигранти на територијата на Република Македонија спротивно на волјата на
нејзините државјани!
СМК
ја потсетува Владата дека во согласност со членот 22 од Законот за локалната
самоуправа токму општините се надлежни за урбанистичкото (урбано и рурално)
планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење
утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното
земјиште.
СМК
укажува дека во согласност со Амандманот XVII и ставот 1 на членот 115 од
Уставот, во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници
учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во
областите на урбанизмот и руралното планирање.“
Од
СМК велат дека „граѓаните имаат неприкосновено право на референдум при
уредување и користење на просторот.
Оттука,
од СМК очекуваат „оваа злоупотреба на Владата на правото на граѓаните на
локален референдум“, како што велат, да биде санкционирана со одлука на
Уставниот суд за отфрлање на иницијативите на државниот инспектор за локална
самоуправа Рахим Муслиу за запирање на примената на одлуките за одржување на локални
референдуми за населување и интеграција на мигранти.
Одлуки
за одржување референдум за мигранти донесоа советите на 14 општини: Кочани,
Штип, Гевгелија, Кавадарци, Велес,
Неготино, Битола, Прилеп, Радовиш, Гази Баба, Аеродром, Охрид, Карпош и Ѓорче
Петров. Одлуките најчесто се носеа со мнозинство гласови на советниците на
ВМРО-ДПМНЕ. Пред тоа, против населувањето на мигранти се собираа и потписи.


Comments
Post a Comment