Државен завод за статистика: Повторно пад на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017 година, во однос на претходен месец (јуни 2017 година), изнесува 99,4. Тоа значи дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017 година се намалила за 0,6%, во однос претходниот месец.



Ова претставува второ месечно намалување на исплатената нето плата по вработен. Претходно, исто така според Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на мај 2017 година, изнесуваше 99,6, односно беше пресметано намалување за 0,4%.

март
април
мај
јуни
јули
22.445
22.672
22.889
22.808
22.671

Анализирано според сектори на дејности, просечна исплатена месечна нето-плата во јули 2017, во споредба со претходноит месец бележи намалување кај сите сектори, и тоа кај индустријата за 2%, земјоделство, шумарство и водостопанство за 1,1%, а кај услугите за 1,2%.

Од друга страна, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, изнесува 101.5.

            Во јули 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не зеле плата, додека во јуни 2017 година плата не зеле 1,1% од вработените.

Comments