Доналд Трамп: "Ако сме присилени да се браниме себеси или нашите сојузници, нема да имаме друг избор освен целосно да ја уништиме Северна Кореја"
За
прв пат во својот мандат како претседател на САД, Доналд Трамп се обрати на
Генералното собрание на Обединетите нации. Во својот воинствен говор Доналд
Трамп отворено се закани дека ќе ја уништи Северна Кореја.
Првата
половина од говорот на Трамп беше посветена на изнесувањето на неговиот став за
меѓународните односи, за кои тој постојано рече дека треба да се засноваат на
"силни суверени нации" со различни култури и вредности. "Како
претседател на Соединетите Американски Држави", рече тој, "Прво ќе ја
ставам Америка, исто како што како лидери на своите земји секогаш ќе ги ставите
вашите земји први".
Тоа
беше една од ретките моменти што привлече значаен аплауз од страна на
присутните претставници на Генералното собрание на ОН.
Но,
голем дел од втората половина од говорот Трамп го посвети на "непријателските
режими", во кој повика на акција против нив поради недостаток на
демократија.
"Проблемот
на нашата планета денес е мала група непријателски режими. Ако праведните
многумина не се соочуваат со злите неколку, тогаш злото ќе триумфира",
рече претседателот.
"САД
имаат голема сила и трпеливост", рече Трамп. Но, тој додаде: "Ако сме
присилени да се браниме себеси или нашите сојузници, нема да имаме друг избор
освен целосно да ја уништиме Северна Кореја"-изјави Доналд Трамп. Користејќи
го новосоздадениот епитет за Ким Јонг-ун, рече: "Ракетниот човек е на
самоубиствена мисија за себе и за неговиот режим".
Ваквиот
говор во многу нешта потсетува на говорот на поранешниот американски
претседател Џорџ Буш (помладиот), кога пред околу 15 години ја дефинираше
оската на злото-Ирак, Иран и Северна Кореја. Доналд Трамп ја засили реториката
и на местото на Ирак, сега ја смести Венецуела.
Во
својот говор Доналд Трамп најпрво ја посочи Северна Кореја и нејзиниот лидер,
обвинувајќи го за угнетување и ракетни и нуклеарни тестови.
Тој
рече дека САД се "подготвени и способни" да преземат воена акција, но
се надевам дека тоа ќе биде непотребно ако остатокот од светот ги засили
напорите за ограничување на режимот на Пјонгјанг.
Потоа
Трамп се пресели во Иран. "Целиот свет сфаќа дека граѓаните во Иран сакаат
промени, додавајќи дека ќе дојде денот кога граѓаните ќе се соочат со избор
меѓу "патот на сиромаштијата, крвопролевањето и тероризмот" и "нивната
горда земја како центар на цивилизацијата, културата и богатството".
Трамп
го критикување и договорот за нуклеарната програма на Иран, потпишан од САД под
администрацијата на Обама и пет други земји пред две години, изјавувајќи дека е
"еден од најлошите и наједностраните договори што САД некогаш ги направиле".
"Искрено,
тој договор е срам за САД", рече тој.
Трамп
мора да одлучи до 15 октомври за тоа дали ќе го потврди договорот или не. Повлекување
на претседателската поддршка би можело да предизвика колапс на договорот и да
го доведе Конгресот да ги обнови санкциите кон Иран поврзани со нуклеарното
оружје.
Договорот
за ограничување на нуклеарната програма на Иран поддржанод големо мнозинство од
земјите-членки на ОН, вклучувајќи ги и повеќето од најблиските сојузници на
Вашингтон.
Францускиот
претседател Емануел Макрон, кој исто така го направи своето деби на ОН, рече
дека понудил да се разговара за понатамошни ограничувања за нуклеарната
програма на Техеран по 2025 година, кога ќе истечат важни елементи од договорот
од 2015 година. Но, Макрон предупреди дека ако постоечкиот договор биде
напуштен, тоа ќе доведе само до забрзување на трката за нуклеарно вооружување и
на ситуацијата што е сериозна како кризата во Северна Кореја.
Иранскиот
министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, одговори преку Твитер дека
"говор на омраза на Трамп припаѓа во средниот век, а не во ОН од 21
век" и додава дека е "недостоен за одговор".
Израелскиот
премиер Бенјамин Нетанјаху беше еден од ретките што аплаудираа на американскиот
претседател. Нетанјаху брзо издаде соопштение во кое го пофали Трамп.
"За
повеќе од 30 години во моето искуство со ОН, никогаш не сум слушнал поодлучен
или похрабар говор", рече Нетанјаху. "Претседателот Трамп ја искажа
вистината за големите опасности со кои се соочува нашиот свет и издаде моќен
повик за нивно соочување со цел да се осигура иднината на човештвото".
Трамп
посвети дел од својот говор на
ригорозната критика на владата на Николас Мадуро, за која рече дека ја задушува
Венецуела преку "верно спроведуван" социјализам. Трамп вети дека ќе
му помогне на венецуелскиот народ "да ја врати својата слобода, да ја
врати својата земја и да ја врати својата демократија".
САД
веќе имаат наметнато строги санкции кон владата на Мадуро, а Трамп рече дека
Вашингтон е подготвен да преземе "понатамошни дејства" ако режимот
"продолжува на нејзиниот пат на наметнување авторитарно владеење".
Венецуелскиот
министер за надворешни работи, Хорхе Ареаза, изјави дека забелешките на Трамп
биле "тажни за светот" и рече дека американскиот претседател зборувал
како генерал на чело на инвазивната армија. "Ние не прифаќаме закани од
претседателот Трамп или кој било во светот", рече Ареза. "Ние сме
мирни луѓе и сакаме односи на меѓусебно почитување".
Мадуро,
кој не присуствуваше на собирот на ОН, налутено реагираше од Каракас,
нарекувајќи го говорот на американскиот претседател "агресија од новиот
Хитлер на меѓународната политика, г-дин Доналд Трамп, против народот на
Венецуела".
Трамп,
за разлика од другите говорници, вклучувајќи го и генералниот секретар на ОН,
Антонио Гутереш, во својот говор не го спомна проблемот што повеќето други
лидери го сметаат дека е најголема закана за светот-климатските промени и
глобалното затоплување.
Исто
така, Трамп во својот говор воопшто не ги нападна главните ривали на САД во
светски рамки-Русија и Кина.





Comments
Post a Comment