Дали е на повидок нова држава во Европа???

На 1-ви октомври каталонските националисти планираат да одржат референдум за напуштање на Шпанија и да прогласат независност за Каталонија. Овој референдум од страна на владата во Мадрид е прогласен за незаконски.


Каталонија е еден од најбогатите региони на Шпанија, која доколку би успеал референдумот би можела да ја повлекувечи четвртата најголема економија во еврозоната назад во криза.

Дали ќе има гласање?
После победата на сепаратистите на последните избори во регионот во 2015 година, тие започнаа да го организираат кампања за независност, врз основа на резултатите од неофицијалниот референдум од ноември 2014 година, кога 80% од оние што гласаа се верува дека ја поддржаа независноста.

Игнорирајќи го шпанскиот устав, во кој се вели дека земјата е неделива, националистите  донесоа одлука за референдум на кој Каталонците треба да се изјаснат на прашањето: „Дали сакате Каталонија да стане независна држава во форма на република?"

Реакцијата на Мадрид?
Постапувајќи по барањето на премиерот Маријано Рахој, уставниот суд го суспендираше законот усвоен од Каталонците Владата од Мадрид превзеде и други мерки, како  закани дека ќе ја преземе контролата врз финансиите во регионот, велејќи дека нема да дозволи да се користат јавните пари за да се одржи нелегално гласање и поднесе кривични пријави против членовите на Каталонскиот парламент и влада. Истовремено, националните полициски сили на Шпанија, беа распоредени за да ја спроведат одлуката за суспендирање на референдумот, барајќи го и запленувајќи го изборниот материјал.

Од друга страна, повеќе од 700 каталонски градоначалници низ Каталонија кои се согласија да го одржат референдумот и се соочуваат со сослушување и евентуално гонење - одржаа митинг во поддршка на референдумот.

Каталонскиот претседател Карлос Пуигдемон изјави дека "ниту еден друг суд или политичко тело" не може да ја суспендира неговата влада од власт.

Дали Каталонците навистина сакаат независност?
Само 2.2 милиони гласачи од можни 5,4 милиони излегоа на необврзувачкиот референдум во 2014 година, кој, како и претстојниот референдум, беше означен како нелегален од Мадрид.

На изборите во 2015 година победи коалиција на сепаратистички партии  со поддршка на радикалната левичарска партија. Но, партиите освоија само 48 отсто од гласовите.

Загрижувачки за сецесионистите, јавното истражување во јуни покажа дека 49 отсто од Каталонците се спротивставуваат на независноста, во споредба со 41 отсто за.

До каде ќе одат сепаратистите?
Соочени со многу непријателски шпански печат, активистите за независност активно ги користат социјалните медиуми за да ги организираат и да ги инспирираат поддржувачите. Се организираат семинари во странски градови за да се промовира каталонска националност, но движењето за независност досега останува мирно.

Сепак, никој не знае што може да се случи ако Мадрид го спречи гласањето, а за возврат не понуди ништо.


Историја на регионот
Со свој јазик  и  историја од повеќе од  1.000 години, како посебен регион и население од 7,5 милиони жители, барањето на Каталонија за независност е сериозно.

Историски погледнато, Каталонија во 10 и 11 век била независна држава, а потоа дел од Кралството Арагон, односно Кралството Шпанија. Во текот на целиот период на шпанска доминација се случувало регионот периодично да е подложен на репресивни кампањи за да стане "повеќе шпански".

Зошто независноста сега?
Со враќањето на демократијата во Шпанија, после смртта на генералот Франко, Каталонија станува автономна провинција со големи овластувања.

Потоа следеше период на економски просперитет, а со тоа и регионот и главниот град Барселона станаа еден од најпознатите места на ЕУ, познати по своите Летни олимписки игри во 1992 година, трговски саеми, фудбал и туризам.

Но, шпанската економска криза во 2008 година ја погоди Каталонија, оставајќи ја со 19% невработеност (во споредба со 21% на национално ниво).

Во регионот, кој сочинува 16% од населението во Шпанија и опфаќа речиси 19 отсто од шпанскиот БДП, сепак, постои широко распространето чувство дека централната влада зема многу повеќе отколку што дава назад. Податоците на шпанската влада од 2011 година покажуваат дека регионот платил 8,5 милијарди евра повеќе отколку што добил назад.Според каталонската влада, разликата била приближно до 11,1 милијарда евра.

Ова чувство на неправда ја поттикна кампањата за независност.

Од друга страна, економското закрепнување на Шпанија под раководство на Рахој можеби го ослабува економскиот аргумент на сепаратистите: бројките од јули сугерираат дека економијата конечно го достигна нивото пред кризата во 2008 година.

Без оглед на аргументите, постои загриженост дека превирањата можат да имаат и политички и економски последици. Сето ова зависи од тоа до каде се спреми да одат и националистите во Каталонија и централната влада во Мадрид.

Геополитички последици
Очигледно преседанот во меѓународните односи „Косово“ испрати силни пораки низ Европа и во светот. Последиците како домино ефект се појавуваат не само во Шпанија, туку претходно и во Шкотска, потоа во Украина, Крим, Грузија, а сега и во Ирак (барањето за независност на Курдистан).

Битен е и друг момент: Дали евентуалниот успех на националистите во Каталонија ќе имаат влијание врз националистите во Баскија, која до пред извесно време важеше за кризно жариште со силни терористички активности. И на крај, колкаво ќе биде влијанието на евентуалниот успех на националистите и врз другите региони во Европа: во Шкотска, во Белгија (меѓу Фламанците и Валонците).

1-ви октомври е блиску. Дали и Пиринејскиот полуостров ќе го зафати синдромот на „балканизација“ или настаните ќе се развиваат во друга насока за брзо време ќе бидеме сведоци.

На крај, како држава која имаше слична ситуација во 2001 година, во знак на благодарност на Шпанија за услугите што шпанецот Хавиер Солана и ги даде на Република Македонија, би требало да се разгледа можноста од наша страна да се испрати некој сегашен или поранешен политичар, кој би ја имал улогата на „посредник“ или „олеснувач“ во преговорите кои на крај би се случиле меѓу двете спртивставени страни во Шпанија, а резултатот би бил некаков договор-рамковен. Во знак на благодарност.


Comments