СДСМ се фали: од октомври, околу 130 000 работнци ќе добиваат повисока плата. За нормите што треба да се исполнат не зборуваат ништо
Со
70 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието на Република Македонија,
вчера, 18.09.2017 година, го донесе Законот за зголемување на минималната
плата, со кој треба да започне исплатата на минималната плата во износ од
12.000 денари.
Денес,
на прес конференција СДСМ веднаш се пофали дека: „Владата предводена од СДСМ и
парламентарното мнозинство докажаа дека Зборот навистина е збор. Остварена е
една од клучните мерки од предизборната програма и од Програмата на Владата.
Усвоен е Законот за минимална плата и таа од октомври ќе изнесува 12 000
денари.“
Според
СДСМ, тоа значи дека веќе од октомври, околу 130 000 работнци ќе добиваат
повисока плата. Истовремено, се брише неправдата кон работниците во
текстилната, кожарската и индустријата за обувки и тие ќе ја добиваат истата
плата и веќе нема да бидат дискриминирани и да земаат помала минимална плата од
законски утврдената, како што беше досега. Зголемувањето на минималната плата
носи повеќе пари во семејните буџети, ја исправа неправдата кон вработените во
одредени индустрии и истовремено ја отвора спиралата за севкупен раст на
платите.
Она
што од СДСМ не го соопштија е дали останува основниот услов за исплата на
минималната плата, а тоа е остварување на нормиран учинок.
Според
содржината на Законот, работниците ќе имаат право на минимална плата, само ако
го исполнат нормираниот учинок. Во спротивно нема да можат да го добијат
законски загарантираниот минимум.
Што
се однесува до работодавачите, во Законот е утврдена обврска во рок од 30 дена
од денот на влегувањето во сила, да утврдат нормиран учинок за 2017 година, кој
е остварлив за 80% од вработените во фирмата. Врз основа на постигнувањето на
нормираниот учинок ќе пресметува и исплаќа минимална плата. Исто така, и при
исплатата на платата секој месец работодавачите имаат обврска да издаваат
потврда за остварен учинок на секој работник. Нормално, ако не го стори тоа,
работодавачот се соочува со глоба во износ од 3.000 евра во денарска
противвредност.
Ваквата
поставеност на Законот не гарантира исплата на минималната плата на
работниците. Исплатата на минимумот е условен од остварувањето на нормите,
однапред дефинирано од страна на работодавачите. Како работодавачите ќе ги
утврдуваат нормите и дали при тоа ќе утврдат реални или нереални норми сеуште
останува непознато. СДСМ на ова не дава одговор.
За
еден месец, со исплатат на платата за септември, откако и реално ќе се примени
Законот, ќе може да утврдиме дали околу 130.000 работници ќе примат минимална
плата од 12.000 денари или за дел од нив нормите ќе бидат неостварени, а со тоа
и загарантираниот минимум.

Comments
Post a Comment