Објавена е Пролетната економска прогноза на ЕУ: Република Македонија со раст на БДП од 2,9% во 2017 година
Денес
во Брисел од страна на Европската Комисија беше претставена пролетната прогноза
за растот на економската активност на земјите-членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ. Што се однесува
на Република Македонија, се прогнозира раст на БДП од 2,9%
во 2017 година, односно 3,2% во 2018 година.
Растот на БДП се очекува да биде резултат на
зголемувањето на домашната побарувачка и растот на извозот.
Нивото на вработеност ќе продолжи да се зголемува и
понатаму како резултат на владините програми и мерки за поттикнување на
вработеноста, но со побавно темпо со оглед на зголемената несигурност во
бизнисот опкружувањето. Нивото на невработеност се очекува да се намали на 22,4% во 2017,
односно 20.9% во 2018 година.
Расположливиот доход на граѓаните се
предвидува да се се зголемува, како резултат на растот на реалните нето-плати,
и стабилните приливи од приватните трансфери, но откако политичката ситуација
ќе се нормализира.
Растот на извозот ќе остане стабилен, и ќе
биде поттикнат од страна на странските инвеститори преку засилување на производство
во неодамна отворените капацитети. Растот на увозот ќе биде пред се,
предизвикан од плановите за нови производствени капацитети, кои сега, поради
политичката ситуација се ставени во мирување. Дефицитот на трговскиот биланс ќе
се намалува на -17,5% од БДП во 2017 година, односно -16,7% од БДП во 2018
година.
Очекуваното стеснување во дефицитот на
трговскиот биланс ќе влијае врз намалување на дефицитот на тековната сметка,
кој од друга страна ќе се покрива со приливот на странски директни инвестиции.
Дефицитот на тековната сметка се предвидува да изнесува -2,2% (2017), односно
-1,9% во (2018).
Оваа и следната година се очекува фискалната
политика да продолжи со поддршката на домашната побарувачка. Се предвидува
понатамошно зголемувања на социјалните трансфери и финансирањето на
инфраструктурни проекти, а не се предвидува зголемување на оданочувањето. Со
цел да се постигне проектираниот буџетски дефицит на ниво од 3,0% (2017) и 2,6%
(2018) од БДП, а со оглед на планираните зголемувања на буџетските расходи, се очекува
значителен пораст на јавни приходи, пред се како резултат на очекуваниот економски
раст. Сепак, доколку не се реализира предвиденото зголемување на приходите, повторно
се става во ризик реализација на капитални проекти.
Сепак, ЕУ наведува дека е потребно да се
имплементираат мерки за фискална консолидација со цел реализацијата на фискалните
таргети. Најголемиот предизвик за Владата на Република Македонија во овој
период ќе биде да се обезбедат финансии за реализација на неопходните
инфраструктурни проекти и исплата на растечките обврски кои достасуваат кон
доверителите, од една страна и одржување на стабилно ниво на јавниот и
државниот долг, на друга страна.
Но, овие проекции зависат од решавањето на политичката
криза, која има негативно влијание врз
домаќинствата и довербата на потрошувачите, и ја ограничува способноста на
владата да ги спроведе многу потребните структурни реформи и да ги реализира
буџетските капитални расходи. Инвестициите и приватната потрошувачка можат да
бидат попречени од пониските приливи на странски директни инвестиции и приватни
трансфери. Нерешавањето или пролонгирањето, па и продлабочувањето на политичката криза претставува ризик за остварувањето на предвидените стапки
на економски раст.
Comments
Post a Comment