Соопшение на НБРМ за движењето на каматните стапки кај банките и штедилниците во месев март 2017 година.

28 април2017 година

 ‒ Во март, каматната стапка на вкупните кредити остана непроменета во однос на претходниот месец, на нивото од 6,1%, додека каматната стапка на вкупните депозити изнесува 1,6%, при минимален месечен пад од 0,1 п.п..
 ‒ Kаматна стапка на новоодобрените кредити месецов се задржа на нивото од 5,4%, додека каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен пад од 0,2 п.п. и изнесува 1,4%.Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во март се задржа на февруарското ниво од 5,7%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,5 п.п..
‒ Овој месец банките и штедилниците го вршеле новото кредитирање на корпоративниот сектор по просечна стапка од 5,2%, повисока за 0,1 п.п. споредено на месечна основа. Нагорна промена на каматните стапки е регистрирана кај пласманите во домашна и странска валута (за 0,1 п.п., соодветно).
‒ Просечната каматна стапка на вкупните примени депозити од корпоративниот сектор, во март изнесува 2,0%, при минимална надолна промена од 0,1 п.п. на месечна основа. Притоа, од аспект на годишната споредба, каматната стапка е на исто ниво како и во март 2016 година.
‒ Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор во март годинава изнесува 1,1%, при месечен пад од 0,2 п.п.. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити, без и со валутна клаузула (за 0,4 п.п. и 0,2 п.п., соодветно), наспроти растот на стапката кај депозитите во странска валута (за 0,5 п.п.). Споредено на годишна основа, каматната стапка е пониска за 0,2 п.п..
‒ Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на домаќинствата се стабилизираше на нивото од 6,6%, при минимален пад од 0,1 п.п. на годишна основа.
‒ Во март, новото кредитирање на домаќинствата се вршело по просечна стапка од 5,8%, што на месечно и годишно ниво претставува пад од 0,1 п.п.. Месечното намалување се објаснува со падот на каматни стапки кај девизните кредити (за 0,5 п.п.) и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,3 п.п.), додека стапките на денарските кредити без валутна клаузула бележат минимален раст (за 0,1 п.п.).
‒ Просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата во март се задржа на исто ниво од минатиот месец, и изнесува 1,6%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,2 п.п..

 ‒ Каматната стапка на новопримените депозити5 од домаќинствата забележа месечен пад од 0,2 п.п. и изнесува 1,6%, во целост кај денарските депозити без валутна клаузула. На годишна основа намалувањето на стапката изнесува 0,3 п.п..

Comments