На
единствениот градоначалник-Македонец во Албанија Едмонд Темелко, од страна на
Основниот суд Скопје-1, а по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)
му е одреден притвор од 30 дена. Бидејќи Едмонд Темелко не се наоѓа во
Република Македонија, против него ќе биде распишана меѓународна потерница.
Во
врска со одредениот притвор се огласи и Основниот суд Скопје. „Кривичниот совет
на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 –
Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични
дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (
СЈО ) за определување мерка притвор против обвинетиот Е.Т., на нејавна седница
одржана на 25.9.2017 година, веднаш по прием на предлогот во судот, донесе
решение со кое го уважи предлогот на СЈО и на обвинетиот му определи мерка
притвор во траење од 30 дена сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување
од слобода, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од
ЗКП“, соопштија од кривичниот суд.
Притворот
од страна на СЈО е побаран за истрагата поврзана со случајот Титаник, кој се
однесува на наводните изборни нерегуларности за локалните избори во 2013
година. За случајот „Титаник“ од страна на СЈО се гонат и поранешни министри и
политичари, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана
Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Едмонд
Темелко се товари дека врбувал луѓе од Мала Преспа за да гласаат на локалните
избори во Република Македонија.
Против
одредениот притвор на Едмонд Темелко има жестока реакција од страна на
Македонците од Мала Преспа. Според нив станува збор за политичка хајка на СЈО и
Владата на Република Македонија. Македонците од Албанија прашуваат зошто против
Македонците од Албанија што гласаат на парламентарни или локални избори во
Република Македонија се води политичка хајка, а од друга страна не се апсат и
албанци кој масовно вршат организирање на косовари и албанци од странство да
гласаат на истите избори.
За
истото дело, во февруари 2016 година Едмонд Темелко беше еднаш приведен, а
потоа и ослободен.

Comments
Post a Comment