Врз
основа на податоците од страна на Државниот завод за статистика на Република
Македонија, индексот на индустриското производство во јули 2017 година, во
однос на јули 2016 година, изнесува 97.8. Тоа значи дека во јули 2017 година во
споредба со јули 2016 година, индустриското производство се намалило за 2,2%.
Државниот
завод за статистика утврди пад на индустриското производство кај секторите рударство
и вадење на камен за 3,4%, кај преработувачка индустрија за 2.6% при што
најголем пад има кај производство на облека за 15,5%, производството на метали
за 20,7% и кај производство на машини и уреди за 5%.
Зголемување
на индустриското производство има во секторот снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација за 2.1%.
Ова
е информација за пад на втор економски показател, откако претходно од страна на
Државниот завод за статистика беше измерен пад и кај месечно исплатената нето
плата во месц јуни 2017 година. При тоа, покрај општото намалување на
просечната месечна исплатена нето плата, карактеристично е намалувањето забележано
во секторите рударство и вадење на камен за 7.5%, градежништво за 4.1% и трговија
на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли за 3.0%.
Симптоматично
е што ваквите негативни показатели се јавуваат во период на релаксирана
политичка ситуација која настана со разрешувањето на политичката криза и
формирањето на новата влада на СДСМ.
За
споредба, индексот на индустриското производство во јули 2016 година во
споредба со јули 2015 година изнесуваше 105,1. Односно, во период на
кулминација на политичката криза во Република Македонија, беше измерено
зголемување на индустриското производство за 5,1%.
Кои
се причините за ваквата ситуација треба допрва да се испитуваат, но како
приоритетна задача на владата сега треба да биде запирање на овие негативни
трендови. Во спротивно економската состојба може дополнително да се вложува.

Comments
Post a Comment