Соопштение на Државниот завод за статистика за стоковата размена со странство за периодот јануари-март 2017 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 69 479 068 илјади денари и бележи пораст од 14.5% во  однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-март 2017 година,  изнесува 95 651 924 илјади денари што е за 14.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 26 172 856 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-март 2017, изнесува 72.6%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,  фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-март 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 1 128 278 илјади евра и бележи пораст од 14.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 553 650 илјади евра што е за 14.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот  јануари-март 2017 година, изнесува 425 371 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 1 202 883 илјади САД долари и бележи пораст од 10.7% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 655 213 илјади САД долари што е за 10.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 
2017 година, изнесува 452 330 илјади САД долари.

Comments